Неновски: Зголемувањето на пензиите е значајно за најзагрозената категорија

Неновски: Зголемувањето на пензијата е значајно за најзагрозената категорија
Неновски: Зголемувањето на пензијата е значајно за најзагрозената категорија

Зголемувањето на пензиите од 5 отсто е многу значајно, првенствено од социјален аспект, смета професор Томе Неновски, објави ТВ „Канал 5“

Според него, ова претставува значајно зголемување за најзагрозената категорија, преку 300.000 пензионери.

За оние кои што имаат најниски пензии зголемувањето ќе значи повеќе бенефити.
За оние кои што имаат најниски пензии зголемувањето ќе значи повеќе бенефити.

Она што е многу значајно е што зголемувањето на пензиите ќе биде линеарно, сите ќе добијат еднаква сума, оние со најниски како и оние со највисоки пензии. За оние кои што имаат најниски пензии тоа ќе значи повеќе бенефити. Од друга страна битен е овој ефект на зголемувањето на пензиите и од економски аспект затоа што зголемувањето од 5 %, односно по 650 денари по пензионер ќе значи зголемена количина пари во оптек која ќе влезе во процесот на потрошувачка, а по дефиниција потрошувачката е оној фактор кој што е поттикнувачот на економскиот растеж, смета Неновски.

Секое зголемување на сумата пари кое ја добива населението во основа значи зголемување на стандардот, особено ако се има во предвид нулта порастот на цените во земјата, додава тој.

Ако инфлацијата е ниска, а имаме зголемување за 5 % на примањата, тоа значи дека имаме и реално зголемување на примањата а со тоа и на стандардот на таа категорија на луѓе, заклучува Неновски.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.