Необичен природен феномен ги збуни жителите на Јапонија (ВИДЕО)

Во Ниигата, во централниот јапонски регион Чубу е снимен мистериозен природен феномен кој многу ги изненади Јапонците, пренесуваат тамошните медиуми кои објавија дека локалните жители кои биле сведои на цевчест облак почувствувале „стравопочит“ од појавата.

Необичниот облак во форма на змија се појавил на небото над градот Џетсу во јапонската префектура Ниигата.

Како што се забележува од снимката, на небото се формирал облак во форма на долга инка. Потоа тој се извива, се извишува и практично изчезнува од погледот, иако неговата големина може да биде оптичка илузија.

Ваквиот вид природни феномени се формираа од дождовни или кумулусни облаци и можат да прераснат во торнадо, доколку сасаат до поблиските слоеви на земјината површина.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.