Необична хуманитарна акција во Канада и САД

Шаловите се тука, ако ви требаат слободно земете си. Ако сте бездомник, а надвор температурите се под нулата, шалот убаво ќе ви дојде.

Ова го изјави Венди Грал, основачка на здружението кое спроведува хуманитарни акции во Торонто, Канада.

Откако метеоролошките служби најавија силно снежно невреме, во неколку канадски и источно-американски држави е организирана необична хуманитарна акција.

Тие на неколку локации оставаа шалови врзани за дрва, за бездомниците кои немаат покрив над главата.

Како што велат од организацијата, нема да сопрат тука и ќе донираат топла облека во прифатилиштата за бездомници.