Необични особини кои ги наследуваме од родителите

Од родителите ги наследуваме очите и косата, висината, обликот на носот и други физички обележја. Меѓутоа, наследуваме и некои необични особини за кои веројатно не сте ни претпоставувале дека се „генетски“.

1.Синдром на кивање

Дали гледањето кон Сонцето ве тера на кивање? Во прашање е синдром на кивање кој го наследуваме од родителите.

2.Не толерирате алкохол

Ако по неколку испиени голтки црно виносе чувствувате како да ве прегазил воз, заблагодарете им се на вашите родители поради ниската толеранција кон алкохолот.

3.Стискање на дланките

Вкрстете ги прстите на дланките. Поголем број луѓе кога ќе ги вкрстат дланките левиот палец им се наоѓа над десниот. Променете ја положбата на дланките – чудно зар не? Доколку по природа десниот палец го ставате над левиот оваа обратна поза сте ја наследиле од родителите.

4.Ген на популарноста

Ако сте комуникативна, отворена и популарна личност во своето друштво и на работното место, можно е генот да сте го наследиле од своите родители.

5.Виткање на јазикот

Дали можете јазикот да го свиткате така што ќе добиете фишек? Верувале или не, оваа моторичка способност ја немаат сите луѓе, а пренесена е од страна на мајката или таткото.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.