петок, 13 јануари 2017  |  Вести денес: 11

Необични рекорди од Гинисовата книга

Необични рекорди од Гинисовата книга

Необични рекорди од Гинисовата книга

Поврзани вести

10. Најголемата колекција на Штрумфови

Британецот Стивен Паркерс собрал дури 1.061 фугури од овие мали сини суштества.

9. Најголема изложба на Војна на ѕвездите

starr
Компанијата Лего, на 27 јуни 2008 година направила најголема изложба на војниици од Ѕвездени патеки на светот, направена од лего коцки. Изложбата имала дури 35.310 фигури.

8. Хотел со површина од 37 m² направен од карти за играње

ginisova-knjiga-rekorda
Брајан Берг на свои 17 години направил најголема кула од карти и со тоа за првпат влегол во Гинисивата книга за рекорди. На 34 години тој го соборил својот рекорд правејќи џиновски хотел од карти, со површина од 37 квадратни метри. Интересно е што хотелот имал спална, трпезарија и бања, дури и мебел во природна големина, иасто така направен од карти. За овој необичен потфат му требале 200.000 карти.

7. Најмногу луѓе на едно место кои играат на „Трилер“ од Мајкл Џексон

Majkl-Džekson
Во чест на починатиот крал на поп музиката, Мајкл Џексон, неговиот имитатор, Хектор Џексон на Плоштадот на револуцијата во Мексико Сити, на 29 август 2009 година, извел настап во живо во кој 13.597 луѓе играле на неговата најпозната песна „Трилер“.

6. Човек со најеластична кожа

elasticna
Н 28 октомври 1999 година во Лос Анџелес, Гери Тарнер е прогласен за човек со најеластична кожа на светот. Тој успеал кожата од стомакот да ја истегне неверојатни 15,8 cm. По испитувањето на неговата здравствена состојба, утврдено е дека боледува од ретка болест наречена Елхерс-Данлосов синдром, што претставува нарушување на сврзното ткиво.

5. Најголема скржавка на светот

zena
Хети Грин била многу богата жена, дури во еден момент и најбогата жена на светот, и тоа, главно, бидејќи не трошела пари за ништо. Потекнувала од семејство кое имало свој приватен бизнис, коа таа го наследила. Но според кажувањата, таа штедела на се’. Никогаш не вклучувала греење, не користела топла вода. Носела стара облека. Не ги миела рацете. Главно јадела пити кои чинеле 15 центи. Кога нејзиниот син ја скршил ногата, таа на крајот морала да  му биде ампутирана бидејќи Хети го одложувала лекувањето за да добие бесплатна медицинска нега.

4. Жена која најмногу пати се мажела

zena1
Линда Вулф (68) ја држи титулата на жена која најмногу пати се мажела. Пред олтар одела дури 23 пати. Првиот пат се омажила во 1967 година, кога имала 16 години и била во брак до своите 31 година. Со другите мажи била во брак најдолго по една година. Сега е во потрага по својот 24 сопруг.

3. Најсилно виткање на тава

tava
Постојат многу рекорди поврзани за човечката сила, но овој е најчуден. Rекордот во виткање на алуминиумска тава во ролна го држи Скот Марфи.
на 30. јули 2007 година Скот свиткал тавата со пречник од 30 сантиметри во ролна, за само 17 секунди.

2. Најстар играч на пинг-понг на светот

ping
Веројатно најинтересни се оие Гинисов рекорди  кои ги поставуваат постари луѓе. Дороти де Лу на свои 97 години е најстар играч на пинг-понг на светот. Таа ја претставила Австралија на Светско првенство во пинг-понг за ветерани, во 2008 година, во Бразил.

1. Најголем авион изеден од човек

avionn
Постојат многу рекорди кои се врзани за брзо јадење на нешто. Меѓутоа, рекорд за најлуда работа што некогаш е изедена од некој, држи Мишел Лотито(1950-2007). Тој во суштина бил нормален човек, освен што јадел работи како метал и стакло, веројатно е и единствен човек на светот со ваква способност. Соборил многу рекорди, но најчуден е оној кога изел авион Цесна 150. За овој потфат му требале две години. Лекарите воспоставиле дека кај него слузокожата на желудникот е двапати подебела во спорредба со „нормалните“ луѓе, што го објаснува фактот дека е во сосотојба да ги јаде овие работи.

Најчитани вести