Необјаснива деструкција на СДСМ, спречуваат формирање на универзитет за национална безбедност

Нема никакво логично оправдување за противењето на СДСМ за формирање на универзитет за национална безбедност, што секаде во други држави преставува еден од врвните приоритети во создавањето на кадар со кој што ќе се штити безбедноста и интегритетот на државата и нејзините граѓани.

СДСМ на овој начин покажува и неодговорност кон стратешката определба и интерес на државата за градење на систем за национална безбедност и негово усовршување, но од друга страна таа уште еднаш поради нејзини ситни политички интереси застанува на патот на еден благороден проект и кочи проект кој има образовна функција

Кога се прават нелогични и деструктивни работи тоа сигурно е проткаено и со нелогични забелешки. СДСМ деградирајќи ја функцијата на институтот амандмани поднесе речиси 1000 со необјасниви и несуштински забелешки кои се контрадикторни. Интегрално ви пренесуваме дел од таквите амндмани.

Преку поднесените амандамни за определување на бројот на запишани питомци на Воената академија за копнена војска и воздухопловната академија годишно, СДСМ има поднесено огромен број на контрадикторни амандмани каде што во еден амандман бараат бројот на запишани питомци да не биде поголем од 136 на годишно ниво, во друг да не биде поголем од 73, во трет да не биде поголем од 143.

ilustracija1- strana 1_1

ilustracija1- strana 1_2 ilustracija1- strana 1_3

Има и други…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.