Неофицијалнo: 63 пратеници за ВМРО ДПМНЕ, 34 за СДСМ

По обработка на речиси 80 отсто од гласачките листа од изборните местае во шестте изборни единици во Република Македонија, според освоените гласови ВМРО ДПМНЕ и коалицијата во новиот парламентарен состав би имале најмалку 60 пратеници,а Социјалдемократите би добиле 34 пратенички мандати, покажуваат најновите неофицијални информации од аналитичкиот центар на ВМРО ДПМНЕ.

Демократската унија за интеграција, според досега обработените податоци, би имала 18 пратеници, додека Демократската партија би имала осум свои пратеници во парламентот. Од помалите партии, според моменталните резултати, ГРОМ на Стевче Јакимовски би имале еден пратеник, како и НДП на Руфи Османи.

ВМРО ДПМНЕ, неофицијални, ги освојува и трите пратенички места од дијаспората.

Досега се пребројани се околу 660 илјади гласачки ливчиња, од кои над 370 илјади се гласови за ВМРО ДПМНЕ, 220 илјади за СДСМ, околу 110 илјади за ДУИ, за ДПА 45 илјади гласови .