Неофицијално: Пронајдено изгорено тело од урнатиот авион

Авион со приватен комерцијален лет исчезнал од радарот во близина на скопскиот аеродром. Подоцна се слушна експлозија кај село Кожле а граѓани јавија дека авионот е во пламен.

СВР Велес примиле телефонска пријава од граѓанин дека слушнал експлозија во близина на с.Кожле.

Во приватниот авион кој полетал од Тревизо, Италија со германски ознаки се наоѓале 6 лица, патници и членови на екипажот.

Според последните информации, во несреќата загинале четири италијански и двајца косовски државјани.

Авионот бил пријавен на аеродромот само за дополнување на гориво, меѓутоа како што информираа од полицијата околу 17 часот и 40 минути неговиот сигнал бил изгубен од радарот на 10 километри од пистата, во близина на Катланово.