недела, 23 јули 2017  |  Вести денес: 1

Неонацисти со црни униформи добија 14 пратеници во парламентот во Словачка

Мариан Котлеба навистина своевремено бил неонацист. До неодамна гордо марширал со црна униформа на Хинковата гарда која постоела од 1939-та до 1945-та година и го поддржувала режимот на нацистичкиот лидер Адолф Хитлер

marian1

Последни вести

Ултранационалистичката партија „Наша Словачка“, која е предводена од Мариан Котлеба доби дури 14 места во словачкиот Парламент.

Оваа партија неретко се опишува како неонацистичка, а сега актуелниот премиер Роберт Фицо чија што партија победи на изборите во саботата ќе мора да бара коалиција со „Наша Словачка“ за да добие апсолутно парламентарно мнозинство.

Како што пренесува британски „БиБиСи“, Мариан Котлеба навистина своевремено бил неонацист. До неодамна гордо марширал со црна униформа на Хинковата гарда која постоела од 1939-та до 1945-та година и го поддржувала режимот на нацистичкиот лидер Адолф Хитлер.

marian

Следбениците на Котлеба го прифатиле облекувањето, поздравувањето, симболите и реториката на државата од тоа време во кој Словачка, како што велат тие, за прв пат имала некаков облик на суверенитет.

Но, тоа било авторитарна власт изградена по примерот на фашистичка Германија, а Хинковата гарда се борела против непријателите на режимот, односно против Евреите.

Котлеба пред неодамна изјавил дека „во тоа време се живеело како во рајот“, а токму неговата партија во саботата доби 14 пратеници во словачкиот Парламент.

Најчитани вести