Нeоснованите напади од СДСМ врз Курир резултираа со упад во редакцијата

По низата напади и закани кои изминатиов период беа упатени врз новинари на КУРИР, просториите на редакцијата на порталот во текот на минатата ноќ беа цел на разбојништво.

Засега непознати лица насилно упаднале во редакцијата, а ова не е првпат просториите на КУРИР да бидат мета на напад.

vrata-1640

Секоjдневните неосновани атаци врз КУРИР како медиум од страна на разни опозициски структури, но и директно од најголемата опозициска партија СДСМ кулминираа со нов удар врз нашиот медиум. Во текот на минатата ноќ со разбивање на една од балконските врати во просториите каде е сместена нашата редакција извршена е кражба на лаптоп компјутери на вработени во КУРИР. Ваквиот упад во просториите на КУРИР следува по низата навреди и монструозни закани по живот на наши вработени кои кулминираа во месец ноември,  кога член на СДСМ испрати смртни закани до вработена во нашиот медиум, каде им се закануваше по живот и на сите вработени, пишува порталот.

vrata-2640

Дополнително, КУРИР потсетува дека секојдневно е мета на неосновани напади од страна на најголемиот опозициски политички субјект СДСМ, кој секојдневно со разни неосновани соопштенија врши директен напад и притисок врз медиумот.

Повторуваме дека секое соопштение од штабот на СДСМ насочено против нашиот медиум е јасен напад врз слободата на говорот и работењето на медиумите.  Секое соопштение од штабот на СДСМ го толкуваме како директен притисок и закана по медиумот и новинарите кои работат во него, велат од „Курир“.

sdsm-2_thumb_medium500_545 sdsm-3_thumb_medium500_500 sdsm-4_thumb_medium500_524 sdsm-4_thumb_medium500_524 sdsm-5_thumb_medium500_594

kurir-13 kurir-14 kurir-15

Најновиот упад во просториите КУРИР уредно го пријави во министерството за внатрешни работи, каде направен е записник и очекуваме надлежните во најбрз можен рок да ги откријат сторителите, за што и јавно го повикуваме техничкиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски. Редакцијата на Курир особено стана мета на напади и закани по секојдневните сопштенија од страна на СДСМ во кои без никаков основ се атакуваше врз нашиот медиум.

Како и со сите случаи претходно во кои КУРИР беше мета на напад, така и овој пат за упадот во нашите простории ќе ги известиме надлежните институции, странските амбасади и сите новинарски здруженија. КУРИР работел и ќе работи крајно професионално и во интерес на своите посетители и повторно порачуваме дека било какви напади врз нашиот медиум нема да не’ заплашат.