Непал: Горат автомобили поради поскапување на горивата

Во главниот град на Непал десетина лица се приведени поради палење на возила и насилно затворање на продавници, во текот на протестите кои што се случија по поскапување на горивата, соопшти полицијата.

Владата на Непал за 25 отсто ги зголеми цените на бензините, керозинот за греење на домовите, како и дизел- горивата, поради што државната нафтена компанија западнала во долгови.

Училиштата во Катманду се затворени, а специјалните сили на полицијата се на улица.