Непал повторно погоден од зeмјотрес

Силен земјотрес го потресе Непал во вторникот, поради што голем број жители на главниот град Катманду повторно беа приморани да ги напуштат домовите, само неколку недели по земјотресот во кој загинаа над 8.000 лица, а стотици илјади домови беа разрушени, јавува Ројтерс.

Според сеизмичарите вчерашниот земјотрес бил со јачина од 7, 4 степени, со епицентар 68 км западно од градот Намче Базар, во близина на Монт Еверест и на границата со Тибет. Земјотресот бил почувствуван и во Њу Делхи и во главниот град на Бангладеш, Дака.

Според првичните информации, во новиот земјотрес загинале најмалку четири лица.