четврток, 27 јули 2017  |  Вести денес: 53

Непал: Пронајдени остатоци на мал патнички авион, 23 лица загинаа

Властите во Непал соопштија дека пронашле остатоци од мал патнички авион во кој имало 23 лица, а во несреќата нема преживеани, пишува „Танјуг“.

mal-avion

Поврзани вести

Властите во Непал соопштија дека пронашле остатоци од мал патнички авион во кој имало 23 лица, а во несреќата нема преживеани, пишува „Танјуг“.

Авионот исчезна рано утринава во западниот дел на земјата.

Пронајдени се остатоците на авионот што бил целосно изгорен, изјави за АФП министерот за воздухопловство Ананда Прасад Похарел, наведувајќи дека телата се наоѓаат околу остатоците на бродот.

Првично беше објавено дека во авионот имало 21 лица, меѓу кои и двајца странци и две деца. Станува збор за двомоторен авион од типот „Отер“ на непалската компанија „Тара ер“.

Авионот исчезна кратко по полетувањето на патот од Похар, 125 километри западно од Катманду до Џомсом. За време на летот, што требало да трае 18 минути, имало слаба видливост.

Во авионот имало и двајца странци од Кина и Кувајт, а останатите се од Непал, меѓу кои и две деца. Шефот на локалната полиција Харихари Јоги рече дека локалното население на едно мало село слушнало силна експлозија.

Најчитани вести