Непотизам и партиско форсирање во Министерството за одбрана

За време на министерувањето на министерката Радмила Шеkеринска се изнаслушавме многу за транспарентноста и професионализацијата на Министерството за одбрана. Но, не слушнавме ништо за промоцијата на сопствените партиски кадри и за напредувањето исклучиво по партиска или по роднинска и пријателска врска со функционерите на СДСМ.

Дека во министерството селекцијата на лица за упатувањата на мисии надвор од државата се прави по исклучително партиска линија и се упатуваат само лица блиски до функционерите на СДСМ и до нивните најблиски соработници, може да потврдат следниве случаи.

За шеф на мисијата која замина во Авганистан пред неколку дена е поставен полковник Ќенан Рахиќ, кој е во роднинска врска со поранешниот висок партиски функционер на СДСМ, Есад Рахиќ.

Дека ова не е изолиран случај укажува фактот дека во Босна и Херцеговина, по третпат на мисија е замината и Елисавета Здравеска, блиска другарка на Паула Дабовиќ, најблиската соработничка на министерската Шекеринска.

Како ова да не е доволно, со едниот сопружник отиден на мисија надвор од државата, па и сопругот на Елисавета Здравеска, Сашо Здравески, е заминат пред неколку месеци на мисија во Авганистан, и тоа по вторпат. Сашо Здравески, инаку, важи за близок човек на раководителот на Воената служба за безбедност и разузнавање Горан Василевски.

Што стана со јавно декларираните заложби од Шекеринска дека секој треба да отиде барем по еднаш во мисија, и дека нема да дозволи некои лица да одат по повеќе пати? Или ова не важи за оние кои се партиски функционери на владејачката гарнитура и кои се блиски до најблиски соработници на министерката?

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.