Македонија

Непотизмот на Спасовски и СДСМ – тема за осуда на социјалните медиуми

Непотизмот на Спасовски и СДСМ – тема за осуда на социјалните медиуми

Противзаконската одлука на техничкиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски да го поништи системот на кариера во МВР кој функционира со години и да го партизира министерството наиде на осуда на социјалните мрежи.

Во коментарите се осудува и исмева одлуката на Спасовски по партиски клуч да унапредува луѓе на позиции на кои не смее да ги унапредува, според законскиот систем на кариера во МВР, пишува Курир.

Реагираа неколку пратеници, меѓу кои се Зоран Илиоски, Александар Стојковски, Андон Чибишев, Никола Мицевски и Димитар Стевананџија.

Зоран Илиоски прашува дали Фросина Ременски ќе возврати на услугата од Спасовски да го унапреди нејзиниот сопруг.