Денес неповолно биометео – главоболки и општа слабост

Неповолно биометео имаме денес во земјава – општа слабост, деконцентрација и чувство на тежина во главата се само некои од симптомите кои можат да се јават попладнево кај метеопатите.

Подолготрајни ќе бидат болките од ревматски карактер и оние од артритични промени.

Утрешното биометео прогнозира појава на главоболки, болки во колената, грбот и на вратот, особено попладне. Кај поголем број луѓе можна е општа слабост, а кај некои и чувство на тежина во главата. Во вечерните часови болките од ревматски карактер и оние од артритични промени ќе бидат поизразени, соопштуваат од УХМР.

Попладне пороен дожд и грмежи

Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност, проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи, особено во западните и јужните делови и Малешевскиот регион. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде од 30 до 37 степени, а УВ-индексот 8, се вели во соопштението.

Слично ќе биде времето и во Скопје, со температура до 35 степени, воздушен притисок 978, релативна влажност на воздухот 39 проценти и средна брзина на ветер три метри во секунда.

Во петок и деновите од викендот ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има ретка појава на пороен дожд и грмежи, претежно во планинските предели. Поизразена нестабилност се очекува во понеделник.

Значително пониски температури во август

Во текот на месец август не очекува посвежо време во однос на тропските горештини во јули.

Температурите ќе бидат пониски за разлика од минатиот месец, а времето претежно ќе биде сончево со мала до умерена облачност, со повремени услови за краткотраен дожд.

Поројните дождови завчера предизвикаа поплави и свлечишта во тетовско, при што животот го загубија четири лица, а две лица се водат како исчезнати.

Силното невреме кое вчера го зафати полошкиот регион го стави Тетово под вода. Во свлечиштата и поплавите предизвикани од поројните дождови животот го загубија четири лица, а шестгодишно девојче се води како исчезнато. Станува збор за Х.Ф. (83), А.М. (14) и Р.А. (1,5) од Шипковица, како и А.И. (7) од Тетово.

Предизвикана е и голема материјална штета. Оштетени се неколку возила, а свлечиштата носеле се пред себе.

Исчезнато шестгодишно девојче

Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски вели дека телата на починатите по силното невреме во тетовско се пронајдени, а како исчезнато се води шестгодишно девојче од Шипковица.

Повредени се засега 11 лица, најмногу од Шипковица, Селце Џепчиште и Мала Речица. Дел од нив се уште се на болничко лекување, а дел се пуштени дома, рече Јосифовски.

Нови три жртви на невремето во тетовско

По големо невреме, стивнува дождот во тетовско

По обилните врнежи се излеа реката Пена

Четири жртви во силното невреме во тетовско

Груевски во Тетово - Бројот на жртви се зголемува

Тетово под вода, свлечиштата носеле објекти

Четири возила се оштетени од паѓање гранки, дрва, предмети. Се уште се пријавуваат штети на куќи и објекти однесени од свлечишта.

Однесен е и Вратничкиот мост меѓу горно Орашје и Нераште, информираат од полицијата.

 

 

Еве каде можете да донирате за настраданите во поплавите во тетовско.