Неповратна финансиска помош од Јапонија за пет македонски институции

Пет институции од Македонија ќе добијат неповратни грантови во износ од над 300 илјади евра. Грантовите ги доделува Јапонската Влада за фискалната 2015 година.

Две општини, две здравствени институции и едно училиште ќе добијат неповратна финансиска помош во вкупен износ од 302.020 евра.

Потпишувањето на грант договорите со новите корисници од Македонија ќе се одржи во просториите на Јапонската канцеларија за врски.