Балкан

Неповратно уништен дел од Архивата на БиХ

Неповратно уништен дел од Архивата на БиХ

Посебно вреден и важен дел од архивската граѓа на Босна и Херцеговина настрадал во пожарите кои што ги предизивикале демонстрантите во текот на минатата недела.

Член на Претседателството на Босна и Херцеговина од Република Српска, Небојша Радмановиќ ја посетил државната Архива на БиХ.

Тој оценил дека во пожарот во текот на демонстрациите настрадал највредниот дел од архивската граѓа не само во БиХ туку и во регионот.

„Целосно изгореа 15 илјади предметни на Домот за човекови права на Босна и Херцеговина“, рекол директорот на институцијата, Шабан Захировиќ, додавајќи дека станува збор за пресуди на телата воспоставени по Дејтонскиот договор кој имал задача дека одлучил околу случаите за нарушување на човековите права.

Во депото, кое што настрада во пожарот, денеска може да се видат само изгорени полици, црни ѕидови и остатоци од запалени документи.