петок, 2 декември 2016  |  Вести денес: 0

Непознат маж пронајден мртов во базен

policija-360x240

Последни вести

Починато лице е пронајдено вчеравечер во базенот на бањата Стрновац во Општина Старо Нагоричане.

По овластување на јавен обвинител на местото на настанот се упатени полициски службеници и лекар, при што е констатирано дека се работи за тело на непознато машко лице кое се наоѓало на скалите за влез во базенот, свртено со лице во водата. При првичниот преглед на телото, лекарот утврдил дека на телото не се забележуваат видливи траги на насилство.

Увид  на местото на настанот  извршила  екипа од СВР Куманово, а по наредба на јавниот обвинител телото, кое се уште не е идетификувано, а нема пријава за исчезнато лице, е предадено за обдукција.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Најчитани вести