Непознат маж во Скопје сексуално напаствувал девојче

Дванаесетгодишно девојче било сексуално злоставувано од засега непознат маж во неговиот дом, според пријавата на мајката во скопската полиција.

Настанот е пријавен во четвртокот вечерта, кога жена од Скопје пријавила дека во текот на денот, како и во периодот од 10-ти до 21-ви декември, непознат маж во неговиот стан извршил полов напад врз нејзината 12-годишна ќерка.

Додека нејзината ќерка одела и се враќала од училиште, непознатиот во повеќе наврати го повикувал девојчето во неговиот стан и го допирал по телото, се наведува во информацијата од министерството за внатрешни работи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.