Свет

Непознат потонат брод во близина на западниот австралиски брег

Непознат потонат брод во близина на западниот австралиски брег

Истражувачката екипа која трага по остатоците од малезискиот авион на летот 370 денеска пронајдоа потонат брод во близина на западниот австралиски брег.

Набљудувачката екипа спуштила камера на дното. Анализата на фотографиите покажала дека станува збор за брод што доживеал  несреќа, а кој не бил нацртан на мапата.

Подморските археолози сега ги испитуваат фотографиите во обид да го идентификуваат бродот.