Непознати лица нападнале 55-годишен Кумановец

Нападнат 55-годишен Кумановец. Имено како што информира МВР, З.Б. синоќа во 20, 00 пријавил во дека истот ден некаде околу 17,50 часот, додека одел пеш заедно со лицето Г.М исто така од Куманово, на плоштадот пред бутик “Шкорпион“ одзади силно бил турнат од непознато лице по што паднал на земја.

Потоа кон него дотрчале уште три непознати лица кои физички го нападнале удирајќи го со раце и нозе во пределот на главата и телото.

З.Б. се здобил со видливи повреди (скршеница на носна коска, видливи рани на главата, отоко на десниот дел од лицето, потрес на мозокот), и укажана му е медицинска помош во општа болница Куманово каде што е задржан на лекување.

СВР Куманово превзема мерки за пронаоѓање на сторителите и расчистување на настанот.