Непознат сторител од патничко возило од автоматско оружје пукал кон куќата на Д.М. (62), вчера околу 18.30 часот во село Студеничани. Дел од проектилите завршиле во внатрешноста на куќата. Повредени лица нема. Извршен е увид на местото на настанот и се подигнати чаури за вештачење. Од извршен разговор со оштетениот истиот посочил неколку лица како можни сторители, се преземаат мерки за откривање на истите и целосно расчистување на случајот, соопштија од Министерството за внатрешни работи.