Неправда кон репрезентацијата на Македонија до 16 години

Репрезентацијата на Македонија за играчи до 16 години вчера ремизираше (1:1) со соодветната селекција на Гибралтар кој во оваа држава се организираше во рамките на развојните турнири на УЕФА, па потоа иако победи со 5:4 по изведувањето на пеналите на крајот го освои второто место на турнирот.

И покрај тоа што нема со што многу нашите надежи да се пофалат од ова гостување, откако претходно славеа само со 1:0 против Сан Марино, ремизираа (2:2) со Малта а со Гибралтар се мачеа за гол до последните минути, сепак срамно беше однесувањето на судиската тројка на мечот против Гибралтар, посебно кога се работи за пријателски турнир на кој играат момчиња до 16 години.

Откако Македонија против домаќините поведе со голот на Китовски во 90-та минута, додека македонските репрезентативци се радуваа на погодокот, главниот судија дозволи домашниот фудбалер сам да изведе центар и непречен од никого да постигне гол за израмнување на турнирот, погодок кој на Гибралтар, и покрај поразот по изведувањето на пеналите од нас, и го донесе првото место на турнирот.

Спорниот момент можете да го видите на 1,31:30 минути…