петок, 28 јули 2017  |  Вести денес: 43

Неправедно осуден Канаѓанец доби отштета и стана милионер

KANAGANEC

Последни вести

Канаѓанец, кој невин одлежал 27 години затвор, под обвинение за силување на осум жени, од канадските власти доби отштета од осум милиони канадски долари (5.500.000 милиони евра).

Иван Хенри, кој во 1983 година бил осуден на доживотен затвор под обвинение дека во периодот меѓу 1981 и 1982 година 10 пати сексуално нападнал осум жени, беше ослободен во 2010 година.

Во случајот што се водел во 1983 година Хенри се застапувал самиот и е прогласен за виновен врз основа на изјава на наводен очевидец. По извесен број години, друг човек кој бил затворен, признал дека тој извршил три од тие 10 случаи на силување. Тој починал во затворот набрзо по овие признанија.

Претседателот на Врховниот суд во провинцијата Британска Колумбија во 2010 одлучи дека процесот против Хенри не бил правилно воден и ја поништи пресудата.

Хенри денес има 69 години.

Најчитани вести