Неправедното ембарго од САД ја чинело Куба 130 милијарди долари

Неправедното американско финансиско и трговско ембарго ја чинело изминатите речиси шест децении кубанската економија 130 милијарди американски долари, објави агенцијата на Обединетите нации, чијашто процена се совпаѓа со онаа на владата во Хавана.

Многу американски сојузници се согласуваат со критиките на САД за еднопартискиот систем и репресијата на политичките неистомисленици на Куба, но меѓународната поддршка за ембаргото воведено по крахот на Советскиот сојуз целосно се истопи.

Од 1992 година Обединетите нации од година в година со надмоќно мнозинство усвојуваа резолуции кои бараат укинување на ембаргото. Во извештајот објавен во пресрет на минатогодишното гласање Куба ја процени вкупната штета предизвикана од ембаргото на 130 милијарди долари.

„Оваа земја којашто денес ни посакува добредојде… се обидува сама да пронајде начини да излезе на крај со страшните трошоци нанесени на народот во текот на неправедната блокада“, изјави во вторникот на биеналниот собир во Хавана, челничката на регионалната агенција на ОН за Латинска Америка (ECLAC), Алисија Барсела.

„Проценуваме секоја година како комисија и знаеме дека блокадата го чинеше кубанскиот народ повеќе од 130 милијарди долари според сегашните цени и дека оставила неизбришлива трага врз економската структура на земја“, додаде Барсела.

По историскиот американско-кубански договор за детант од 2014 година, тогашниот американски претседател Барак Обама го ублажи ембаргото, кешто целосно стапи на сила во 1962 година. Минатата 2017 година актуелниот американски претседател Доналд Трамп повторно ги заостри ограничувањата на патувањата и тргувањето со Куба. Инаку, само американскиот Конгрес може целосно да го укине ембаргото.

„И покрај тешкотиите со коишто се соочува кубанската економија, особено поради зајакнување на блокадата наметната на Куба… и натаму ќе се фокусираме на зацртаните развојни цели“, изјави новиот кубански претседател Мугуел Диаз-Канел во поздравниот говор на почетокот од средбата на којашто присуствуваше и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

Централизираната кубанска економија, уредена според советскиот модел, растела во изминатата деценија само 2,4 отсто годишно, покажуваат официјалните статистики, далеку помалку од зацртаните 7 проценти колку што тамошната влада проценува дека е потребно за развој на земјата.

Куба се надеваше дека пазарните реформји покрениети изминатата декада ќе го поттикнат растот, но резултатите засега се мешани. Владејачката Комунистичка партија призна претхдно годинава дека спроведувањето на реформите се покажало потешко отколку што се очекувало. Басела порача дека ECLAC ќе ја поддржи кубанската реформска програма.