Спорт

Непријатни гостувања за Ливерпул, Арсенал и Челзи

Непријатни гостувања за Ливерпул, Арсенал и Челзи

Саботните натпревари од 28. коло во англиската Премиер лига би требало да поминат во знакот на дерби пресметката помеѓу двата тима кои важат за најпријатно изненадување во актуелната сезона, Саутемптон и Ливерпул.
Домаќинот е во игра за едно од двете места кои водат во групната фаза од најмасовното клупско натпреварување, додека гостинот е во игра за шампионската титула.
Фаворитската улога ќе биде далеку поизразена на “Кревин Котиџ”, каде градскиот ривал, тимот на Челзи има обврска да слави во дуелот со фенерџијата на табелата, екипата на Фулам.
За нијанса потешко гостување, ќе имаат фудбалерите на Арсенал кои пак имаат обврска да ја опаравдаат фаворитската улога во дуелот против секогаш незгодниот тим на Стоук.
Денеска на програмата: Евертон – Вест Хем, Фулам – Челзи, Хал – Њукасл, Стоук – Арсенал, Саутемптон – Ливерпул.