Непријатни ситуации во сексот за кои никој не зборува

За време на сексот најдобро е да го исклучите мозокот и да уживате во мигот, затоа што во сексот понекогаш се случуваат непријатни ситуации поради кои може да поцрвените.

За ова нема да разговарате со другарка по телефон

Вагиналните звуци не се никаква новост, но секој пат кога ќе ги слушнете за време на секс имате потреба да се поправдате. Треба да знаете дека нема простор за срам, затоа што станува збор за нормална појава која што им се случува речиси на сите.

Влажна флека?! Не сум јас!

Флеката на постелата помеѓу партнерите е предизвикана од ејакулацијата, може да биде негова, но може да биде и ваша. За време на овулацијата вагиналниот секрет е доста густ и леплив и тешко излегува на виделина, а по оулацијата станува редок и често може да се најде на чаршавот.

Зошто ме боли главата?

Овде не станува збор за главоболка туку за жестоките удари на главата за време на сексот. За време на сексот често може да се случи да ја удрите главата во ѕид или во креветот, поради што целата ситуација може да се „олади“.

Дали е можно баш сега да ми се оди во тоалет?

Многу честа појава за време на сексот, а која може да биде посебно непријатна е да ви се оди во тоалет. Сепак, станува збор за нормална појава. Притисокот врз бешиката може да предизвика неконтролирано уринирање или силна потреба за мокрење.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.