Непријатниот здив можеби е поради јазикот

Повеќето луѓе знаат дека добрата орална хигиена значи употреба на забната четкичка и на забен конец, меѓутоа што станува со јазкот.

Непријатниот здив од устата, медицински наречен халитоза, е проблем со којшто секој од нас се сретнап барем неколкупати во животот, на сопствен пример или при секојдневни средби со други луѓе.

Во повеќето случаи тоа е резултат од лошата хигиена на устата, но може да биде знак и на некои друго болести. Во устата „живеат“ лоши и добри бактерии. Тие се таложат не само на забите, туку и на јазикот. Лошите бактерии, особено Helicobacter Pylori, се едни од главните причини за лошиот здив.

Оваа хеликобактерија главно живее на јазикот, па секој пат кога ги миете забите, со четкичката минете и преку јазикот. Новите четкички се специјално обработени од долниот дел за оваа намена. Лекарите препорачуваат доколку сте во можноста забите да ги миете два до трипати дневно.

Имајќи предвид дека бактериите се размножуваат во сувата уста, дополнителен совет за непријатниот здив е пиење повеќе течности. А доколку ниту чистењето на забите, ниту на јазикот не помогне, време е да го посетите лекарот.

Причината за лошиот здив, имено, може да лежи и во дишните патишта или во желудникот. Најдобра прва помош против лошиот здив е гумата за џвакање. Имено, мастиките кои содржат шеќер нема да ви помогнат, па треба да внимавате да ги купите оние без додадотици на шеќерот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.