Непристојното однесување е заразно?

Најновото истражување покажува дека непристојното однесување е заразно во иста мера како и грипот.

Личностите кои биле изложени на вакво однесување или доживеале непристојност, со текот на времето престануваат да реагираат на таа негативна друштвена појава. И не само тоа, туку тие често и самите започнуваат да се однесуваат лошо кон другите, ширејќи агресивно расположение на околината.

Студиите покажале дека жртвите на непристојното однесување стануваат и самите виновници на истите деструктивни постапки.

Американските истражувачи со разни тестови откриле дека не се заразни само екстремните облици на негативното однесување, туку и вербалната неучтивост, со која којдневно се соочуваме на работа, во продавница, на улица…

Тие утврдиле дека луѓето своето однесување го усогласуваат според однесувањето на другите, како и дека заразата, како и кај грипот, најчесто се шири независно од нашата свест, па дури и од нашата волја.