среда, 7 декември 2016  |  Вести денес: 6

Непрофесионалноста на Јанева сé почесто се критикува и надвор од Македонија

Политичките испади на СЈО и Катица Јанева сé потешко се прикриваат и покриваат. „The Hill“, највлијателен весник на политичкиот естаблишмент во Америка објави критична колумна за работата на СЈО со наслов „Треба и да го практикуваш тоа што го проповедаш“. Авторот Адам Ерели пишува дека Јанева ја злоупотребува својата моќ и ја дискредитира оваа институција како и довербата на јавноста која со заклетва се обврза да ја брани. Таа, додава Ерели, го оцрнува целиот судски систем преземајќи го законот во свои раце.

јанева

Поврзани вести

Кога специјален обвинител се повикува да спроведе целосна законска промена во системот на една земја, од него се очекува дека ќе постапува според вредностите, кои секојдневно ги застапува во судовите. За жал, овие очекувања не се реализираатво случајот со специјалниот јавен обвинител во Македонија, Катица Јанева, пишува на блогот на весникот „The Hill“ поранешниот амбасадор на САД во Кралството Бахреин и заменик-портпарол на Стејт департментот, Адам Ерели.

-За Г-ѓа Јанева, да се биде независен обвинител значи да се отпуштат двајца заменици обвинители, кои, наводно, одбиле да јаследат нејзината политичка волја. Тоа претставува закана за граѓаните на Република Македонија или, според локалните извештаи, тоа значи дека таа се обидува да ги поткупи во давање лажни изјави за други официјални претставници. Уште повеќе, таа вработува свои роднини со аргумент дека со тоа го зајакнува нејзиниот тим, што значи дека владата исплаќаплати на членовите на нејзиното семејство. Наместо да постапува според закон Јанева ја претставува корупцијата против која би требало да се бори, пишува Ерели. ereli-adam-240x160

Катица Јанева, додава Ерели не работи во интерес на народот. Таа не дејствува како независен обвинител, позиција на која е назначена. Наместо тоа, пишува Ерели, таа ја злоупотребува својата моќ и ја дискредитира оваа институција како и довербата на јавноста која со заклетва се обврза да ја брани. Таа, додава Ерели, го оцрнува целиот судски систем преземајќи го законот во свои раце.

Непрофесионалноста на Јанева сé почесто се критикува и надвор од Македонија. Ова втора критика на некој надвор од нашите граници во однос на СЈО, откако неодамна претседателот на ГРЕКО, независна, стручна институција при Советот на Европа која следи, мери и дава препораки за борба против корупција и организиран криминалги осуди методите на работа на Јанева и нејзиниот тим.

-Не можам ниту јас, ниту ГРЕКО да ја оцениме работата на СЈО, ние во одредени ситуации даваме препораки на државите кога гледаме дека постои простор за подобрување, кога станува збор за контакти меѓу обвинителства, судови и медиуми бидејќи знаеме дека тоа е многу важно. Секако дека контактите и прес-конференциите се неопходни во одредени ситуации поради впечатокот за ситуацијата и треба да се води сметка за тоа кога и колку се одржуваат. Јас знам од искуство, барем обвинителите, оние со кои јас комуницирам, тие не се пресреќни со јавни настани од две причини. Како прво кога ќе се направи истрагата и се подигне обвинение процесот не е готов, туку само што почнал, зборуваше во интервју за ТВ Нова Марин Мрчела, судија и претседател на ГРЕКО групата на држави за борба против корупцијата во Советот на Европа.

Другата работа, нагласи тој е што истрагата по својата природа, се води во една фаза на постапката и не пред очите на јавноста бидејќи на тој начин може да се сокријат доказите.

-Овде е важна уште една работа, а тоа е презумпција на невиност. Тоа е како што знаете составен дел на начелото на правичност според конвенцијата и според Уставите на многу држави, како и според Уставот на Македонија и на тие јавни настани треба да се води сметка дека личноста против која е покренато обвинение е невина, додека на суд не се докаже дека е виновна, истакна Мрчела.

Тој додаде дека од овие причини колку повеќе има јавни настани во медиумите на политичарите или на кој било друг каде што се создава впечаток за некоја личност дека е виновна, поголема е можноста таа личност на Европскиот суд за човекови права да го добие случајот поради повреда на презумпцијата на невиност.

извор: Курир

Најчитани вести