Со непромислените чекори, одлуки и навреди кон граѓаните, Заев прави невидена штета на државата

заев

“Ниту еден македонец не може да има грдо лице затоа што не се согласува со предизборните политички манипулации на лидерот на СДСМ. Грдо лице имаат политичките манипулации на Заев, не граѓаните. Грдо лице имаат политичките тези на Заев кои делуваат пазарџиски и несериозно. Наместо да се расфрла со разно разни идеи во јавноста нека срочи обмислен концепт за тоа што според Заев и партијата треба да се менува во уставот или зошто треба да се носи нов устав и нека повели наизбори па нека ги убедува граѓаните зошто треба сето тоа да се направи“, посочува универзитетската професорка Тања Каракамишева-Јовановска.

Кратко откако ја разбранува јавноста со таква изјава, Заев во просториите на партијата потпиша предизборен коалициски договор со неколку помали политички партии. Во широката опозициона коалиција се најде и Српската напредна странка на Драгиша Милетиќ, доскорашен коалициски партнер на ГРОМ, што наиде на остри реакции кај дел од членството и кај високи функционери во партијата. На социјалната мрежа Фејсбук осамна реакции за оградување од одлуката на Заев да коалицира со Српската напредна странка, преку коментари дека истата е донесена без консултација со Извршниот и централниот одбор на партијата, па се до обвинувања дека Заев е предавник на партијата.

„Сакам јавно да се оградам од одлуката на претседателот Зоран Заев за коалицирање со Драгиша Милетиќ, за која не се консултирани ниту извршниот, ниту централниот одбор на СДСМ. Ова е премногу за да се одмолчи“, напиша вечерва на својот фејсбук профил Данева.

15050431_10210274998058596_884343884_n

На Фејсбук се јави и поранешната пратеничка на СДСМ Весна Бендевска која на социјалата мрежа напиша; „СДСМ потпиша коалиција со Драгиша Милетиќ???!!! Со човекот кој го продаде печатот на Стевчо за да се руши Отпорот кон режимот на Груевски?!?“ Реагираше и Ивор Мицковски кој го обвини Заев дека е предавник на партијата.

15086325_10210274997858591_539237092_n

„Заев мајсторе, не е страшно што коалицираш со чика Драгиша Милетиќ, предавник каузе, туку што потврдуваш дека ти си бил внатрешниот крт на опозицијата во време на Отпорот. Каква банда…“ напиша Мицковски на Фејсбук.

15058658_10210274998018595_907560152_n

Аналитичарите предупердуваат дека со ваквите изјави и непромислени чекори постои опасност од предизвикување тензии во етничките односи.

„Со овие истрчани, непромислени тези, тези за обично политичко пазарење заради изборно купување на гласовите на етничките албанци, Заев прави огромна штета во политичка, но и во меѓуетничка смисла. Во политичка смисла Заев ги избриша сите граници на политичкото договарање меѓу партиите, бидејќи ултимативно ги исфрли неговите предлози како предлози без алтернатива, додека во меѓуетничка смисла опасноста се надзира со можни тензии во етничките односи што не му се од полза никому освен на оние политички структури што не и мислат добро на Република Македонија“, вели Каракамишева Јовановска за Нет Прес.

Непромислените изјави тези на Заев наиода на осуда и од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, од каде посочуваат дека грдото лице на Македонија е аболицираниот Зоран Заев, а не Македонците коишто си ја сакаат државата „Македонците кои не се согласуваат да се доселуваат и вработуваат Албанци во администрацијата во Струмица, Штип, Радовиш, Аеродром, Карпош, Центар и останатите општини и градови само заради обидот на Зоран Заев да освои некој глас повеќе, не се грдото лице на Македонија. Сега не е време за редефинирање на државата. Сега е време да му се каже збогум на Заев и неговата деструктивна, лицемерна и антидржавна политика. Грдото лице на Македонија е токму аболицираниот криминалец Зоран Заев. Тој е човекот кој предлагаше виткање на кичмата. Тој е човекот што на маса ги става највисоките национални интереси и заговара промени на Уставот на Република Македонија. Грдото лице на Македонија е аболицираниот криминалец Зоран Заев кој ги навредува сопствените сограѓани, само за да им се додвори на гласачите Албанци“, изјави Ивица Коневски од ВМРО-ДПМНЕ. Оттаму потенцираат дека ваквото однесување на аболицираниот криминалец Зоран Заев е срам за државата и за сите оние кои го положиле животот за независна Македонија во каква што денес живееме.