Непрописно паркирање, причина за повреден охриѓанец

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.Н. (65) од Охрид, поради сомневање дека нанел тешка телесна повреда.

Имено на 5 јули оваа година, С.К. (44) од Охрид го паркирал своето патничко возило „мерцедес“ пред куќата на Н.Н. со што го попречил влезот од куќата, поради што настанала расправија, во која Н.Н. со дрвен предмет му нанел тешка телесна повреда.