Нереди на фудбалскиот меч Тетекс – Шкупи

Навивачи на ФК Тетекс – Тетово и ФК Шкупи вчера го нарушиле јавниот ред и мир за време на фудбалскиот меч помеѓу двата клуба.

Навивачките групи „Војводи“ и „Шверцери“ прво почнале со недолични скандирања, по што меѓусебно фрлале со камења, при што оштетиле амбулантно возило на Клиничката болница-Тетово.

Се преземаат мерки за идентификување на нарушителите на јавниот ред и мир.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.