Нереди на протестот на Пегида во Антверпен

„Раша тудеј“ пренесува дека едно лице е уапсено поради нацистички поздрав кога приврзаници на Пегида се судриле со припадници на полицијата.

Тие бараа затворање на границите по нападите во Брисел на 22 март. Собирот главно помина мирно, освен што на крајот на протестите дошло до помала физичка пресметка.

При тоа е искршено стакло на излог, пренесуваат белгиските медиуми. Многу демонстранти носеле фламански знамиња.

Недалеку оттдаму, десетици луѓе одржале контрамитинг на кој апелирале на поголема солидарност.