Нереди во Америка поради убиство на афроамериканско момче

Жителите на градот Фергусон го искршија цел град и ја нападнаа полицијата изразувајќи го својот револт што не го знаат името на полицаецот кој во саботата убил невооружен тинејџер. Приведени се 47 лица.

Полицијата во сојузната држава Мисури во областа Сент Луис, во саботата уби афроамериканец Мајкл Браун (18) кој во тој момент не бил вооружен.

Тоа предизвика гнев кај наслението кое веќе четири дена протестира во Фергусон и други делови на Сент Луис.До ескалација на судирите дојде во вторникот кога демонстрантите ja нападнаа полицајците со стаклени шишиња, на што полицијата врати со солзавец.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.