Пронајдени траги од нервнопаралитичен гас во Тјенцин

На местото на експлозиите, што пред една недела го потресоа северниот кинески град Тјенцин, откриени се траги од нервнопаралитичен гас, пренесува МИА, повикувајќи се на информации од кинеската државна телевизија, цитирани од ТАСС.

Пронајдени два вида токсични гасови

Траги од нервнопаралитичен гас се откриени при анализа на мострите од воздухот, земени на 16-ти август од местото на експлозиите.

Станува збор за „два вида токсични гасови – натриум цијанид и нервнопаралитичен гас со висока концентрација во воздухот, изјави за кинеската телевизија Ли Ксинхуа, заменик началник на пожарникарите во Пекинг.

Бао Цинлин, шеф на групата експерти од локалната управа за заштита на животната средина, денеска на прес конференција изјави дека прашањето треба да им се упати на надлежните во армијата.

Не ја меревме соoдржината на нервнопаралитичниот гас, обично за тоа е одговорно Министерството за одбрана. Освен тоа, не знаеме за каков материјал станува збор. Нашата мобилна лабораторија веднаш може да распознае по неколку десетици органски материјали. Ние не откривме нови загадувачи, рече Бао.

Бао подвлече дека при прегледите на настраданите лица во експлозиите не биле регистрирани случаи на труење со нервнопаралитичен гас.

Пронајдени 3.000 тони опасни материјали

Кинеското Министерство за јавна безбедност, претходно објави дека на местото на експлозиите се чувале околу 3.000 тони опасни материјали, вклучувајќи и 700 тони натриум цијанид, 800 тони амонијак нитрат и 500 тони калиум нитрат.

Пронајдени 3.000 тони опасни материјали
Пронајдени 3.000 тони опасни материјали

Загинати 112 лица, 750 повредени

Билансот на загинати во кинескиот пристанишен град Тјенцин во експлозиите што се случија во средата, се зголеми на 112 лица, откако на местото на несреќата беа пронајдени телата на уште загинати. Судбината на 95 луѓе е сеуште непозната. Во несреќата се повредени 750 лица.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.