Нервозата и фрустрациите кај соросовите платеници

Повторно нервозата и фрустрациите во СДСМ и СОРОС и нивните платеници излегоа на површина. Овој пат со кулминација и експлозија. И повеќе од јасно е дека нивнотo мрачно сценарио не ги даде посакуваните и очекувани ефекти. Изостана поддршката од јавноста која го препозна обидот за државен удар на Заев, но и подиректната поддршка на која се надеваа во СДСМ од меѓународниот фактор.

Сето ова се гледа преку сè поголемата нервоза, но и преку сè почестиот говор на омраза кој ги применуваат јавно. Ваквиот говор, каде на настапите се видно изнервирани ја згрозува јавноста. Последниот во низата излезе од ударната тупаница на СДСМ, Никола Гелевски кој буквално побесна во вчерашното гостување на „24 Анализа“ на телевизијата 24 Вести.

Срамниот вокабулар на гелевски може да го слушнете во видеото во прилог, од иститот редакцијата на Курир се оградува

Неговиот настап во најмала рака во јавноста и преку социјалните мрежи е оценет како скандалозен. Но, ваквиот речник на платениците на СОРОС кои жестоко ја бранат политиката на СДСМ не е ништо ново. Јавно неколку пати досега можеше да прочита за бесрамните навреди и недолични зборови искажани од Сашо Ивановски, како и заканите на Бранко Тричковски кои пишуваше дека сонувал дека го убил премиерот Никола Груевски, а го сечел на парчиња вицепремиерот Зоран Ставрески.

Она што скандалот го прави поголем е фактот дека овие лица не бираат какви зборови, навреди, пцовки, закани употребуваат јавно, па само по себе се наметнува прашањето ако нивниот речник е толку вулгарен јавно, како тогаш комуницираат приватно. Фрустрацијата која им е на високо ниво е само доказ дека сценариото на СДСМ е срушено.

Вчерашната објава за формирање на таканаречен Новинарски пленум ги покрена шпекулациите во јавноста. Се зборува за тоа дали дошло до поделба во ЗНМ кој директно ги поддржува политики на СДСМ, ако пак од друга страна се знае историјатот на ваквите плеуми и тоа кој стои зад нив.

Па така најголем дел од новинарите во Новинарскиот пленум се платеници на СОРОС, а медиумите каде тие работат се финансирани од оваа невладина организација. Голем дел од нив отворено говорат дека се поддржувачи и промотори на политики на СДСМ.

Тука е Бранко Геровски кој за двата медиуми добива пари од СОРОС, а по сопствено признание е и главен стратег на СДСМ. Неизоставен дел е и Ацо Кабранов, кој за порталот исто така има добивано финансиски средства од СОРОС.

aco-gero-500

Борјан Јовановски кој беше вмешан во аферата Фабрика во која СДСМ организирапе и корумпирапе групи на новинари за да работат во корист на партијата.

jovanovski-500

Мухамед Зекири познат во јавноста по радикалните исламистички ставови, но и фаворит на СОРОС и СДСМ за нов директор на националниот сервис.

azdilakk

Оливера Трајковска, бизнис партнерка на советничката на СДСМ, Софија Куновска. Санта Аргирова, поранешен портарол и шеф на кабинет на министерката Илинка Митрова од времето на СДСМ. Среќко Поповски поранешен советник за медиуми на премиерот Бучковски, ќерката на Љубомир Фрчковски, Лени, како и неформалниот портпарол на Бошкоски, Предраг Петровиќ.

srecko1-500

Во Новинарскиот пленум се и главниот уредник на Фокус и потписник на текстот кој стои зад идејата премиер Албанец, Јадранка Костова; Ида Протуѓер, Ирена Мулачка; Љубиша Арсиќ, Драган Антоновски, Тамара Чаусидис, Сашка Цветковска; Владо Апостолов; Менче Атанасова Точи и други.