Несекојдневно: Пица со рипчиња

Еве еден мошне несеојдневен рецепт. Погледнете како да направите вкусна пица со рипчиња и да го внесете мирисот на морето во вашиот дом.

Состојки:

  • 400 грама тесто за пица
  • 250 грама црвени домати
  • Сол
  • Свежо мелен бибер
  • 300 грама бела риба
  • 2 чешниња лук
  • 3 лажици маслиново масло
  • Оригано

Подготовка:

Развлечете го тестото во округол, тенок слој и премачкајте го со масло.

Рипчињата (за пржење) измијте ги, но немојте да  ги чистите затоа што се јадат цели исто како кога ги подготвувате за пржење.

На излупените и исчистени домати додадете им сол, бибер и оригано. Излупете исечкајте го и столчете го лукот и додадете го на доматите. Добро промешајте и размачкајте на пицата.

Распоредете ги рипчињата одозгора. Ставете неколку капки масло и печете на 220 степени целзиусови околу половина час или повеќе, во зависност од потребата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.