Неш не сака во пензија, сака пари

Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Стив Неш, иако веќе е во залезот од својата кариера и се соочува со тешки повреди на нервот на ногата и грбот, не планира да замине во пензија. Причината за ваквиот негов став не е ништо друго, туку парите.

„Не сакам во пензија, сакам пари. Многу ќе ќажат дека сум заработил доволно, но да се на мое место истото би го сториле. Ги сакам парите и можеби некој ќе рече дека сум фрустриран, но јас не мислам така“, изјави Неш.

Неш (40) до крајот на договорот со „езерџиите“ има нешто повеќе од една година, а тој период чини 9.7 милиони долари, што е многу за да се откаже.