Нешкова: Ситуацијата мора да има судска разрешница

На Груевски навистина му се случи народ. Целото негово владеење покажува дека тој сака да комуницира со граѓните. Тој не игра со поединци и покажува дека не носи одлуки кои лично го засегаат. Вака новинарката од Дневник Катерина Нешкова во емисијата „Кворум“ на Радио слободна Македонија ја коментираше вчерашната трибина на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Навраќајќи се на владеењето на Груевски, Нешкова посочува дека ВМРО-ДПМНЕ и во период кога не се очекуваа избори и кога немаше политички превирања, владејачката партија организираше трибини и премиерот и неговите министри беа со граѓаните.

За целата ситуација, според Нешкова мора да има и судска и политичка разрешница. Правна разврска вели мора за да се уверат граѓаните дека функционираат институциите, а во делот на политичкиот расплет не ја исклучува можноста за дијалог за кој од владејачката партија потенцираа дека се подготвени , но тој да биде на принципиелни основи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.