Неславна репутација на кампот каде се удавија 14 деца: Разврат, алкохол и проституција

Неславна репутација има кампот каде што престојуваа децата што настрадаа во невремето на езерото во северозападна Русија, велат локалните жители и родители.

Тие за „Раша Тудеј“ вечат дека во кампот за деца владее тотален хаос, како и дека се случува се и сешто и дека тоа вогласвно сотанува прикриено.

Истражниот тим што се занимава со трагичната смрт на 14 деца откри дека во 2011-тата година заменик директорот на кампот до смрт претепал припадник на обезбедувањето откако претходно се напиле во кампот.

Жителка на селото Јесоља што се наоѓа во непосредна близина на кампот наведува дека во изминатите години децата биле приморувани на зземјоделска работа, како и дека завршиле во болница поради исцрпеност. Таа додава и дека децата често се оставени „сами на себе“, затпа што чуварите, водичите и надлежните службеници воглавно се опиваат.

Според нејзините зборови, сместувачките простори на кампот често се изнајмуваат на возрасни личности што носат проститутки.

И родителите на децата што престојувале во кампот укажуваат на катастрофалните услови, поради кои децата често се враќале болни или повредени. Мајка на едно момче раскажува дека нејзиниот син добил гангрена поради лошиот третман, како и дека за време на престојот на кампот и’ се јавувал и барал да „го извади од тој пекол“.

Овие податоци излегоа на виделина дури по трагедијата што се случи во неделата, кога 14 деца настрадаа во невреме на езерото што се наоѓа во близина на кампот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.