Несогласувања помеѓу САД и Германија околу кризата во Украина

Безбедносната конференција која се одржа во Минхен, зенитот на дебатирање го имаше насочено кон украинската криза, кое воедно беше и точката на несогласување помеѓу лидерите на САД и ЕУ.

Имено конфликтот започнал помеѓу САД и Германија, за потоа да се „замешаат“ и другите лидери. Прашањето каде се судриле интересите и ставовите било: вооружувањето во Украина.

-Уверена сум дека дополнителното оружје нема да доведе до напредокот кој и е потребен на Украина, туку ќе има спротивен ефект, изјавила Меркел.

Џон Мекејн ја обвинил Германија за рамнодушност кон украинската криза и украинскиот народ

-Имаме впечаток дека Ангела Меркел не знае или не сака да знае дека луѓето во Украина умираат. Секојдневно се масакрираат Украинци, а ние им испраќаме ќебиња и оброци. Тоа нема да им помогне во борбата против армијата на Владимир Путин!, порачал Мекејн.

Германија, практично говорела во името на целата Европска Унија, но потоа за да се „смират страстите“ американските и европските шефови на дипломатијата, Џон Кери Федерика Могерини,  се обиделе да го ублажат, велејќи дека нема несогласувања и дека ставовите се единствени….