Несогласувања во опозицијата по дебаклот на референдумот во Центар

По неуспехот на опозицијата на референдумот во Центар, кога мнозинството граѓани не ги поддржаа СДСМ и Андреј Жерновски, во опозицијата владее атмосфера на поделби, критики, разногласија и несогласувања. Граѓаните ја казнија деструктивната политика на Заев и Жерновски.

Главниот стратег на опозицијата Бранко Геровски во својата колумна жестоко распали по опозицијата за неуспехот. Тој ја искритикува опозицијата дека не знаеле да изработат позитивен референдум и индиректно ги обвини дека се одговорни затоа што според него не знаеле вистински да организираат кампања и недоволно работеле на задачата.

-Да се разбереме добро. И јас сум зависник од Фејсбук. И јас сакам лајкови и шерови. И Твитер ми е забавен. И јас сакам ивенти. Оние гушкања за ГТЦ беа забавни. Сето тоа е убаво и потребно. И симпатично. Но, тој што помислил дека така се прави кампања за референдум или за избори, тој нема поим што е политика! Да бидам искрен, мене работава ми изгледаше вака – седнале деца на Фејсбук и си играат политика. Без митинзи и масовни собири со граѓаните, без жешки говори, без одење од врата на врата (конкретно, на вратите на 40.000 избирачи), без макотрпна работа на терен 24 часа дневно, конечно без обмислена и сериозна медиумска кампања, нема успех на избори, пишува Героски.

Има и други несогласувања во опозицијата, а атмосферата во редовите на СДСМ, ЛДО и СОРОС била мачна и тензична.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.