Несоницата го оштетува мозокот

Најновите истражувања покажуваат дека кај лицата кои страдаат од несоница се присутни промени во структурата на беалата мозочна маса.

Станува збор за абнормалности кои ги погодуваат ткивата клучни за формирање врски и пренос на информации меѓу различни делови на мозокот.

Погодените подрачја се вклучени во регулација на сонот и когнитивните способности.

Се проценува дека несоницата погодува до пет отсто од возрасните лица.

Новите наоди се темелат на податоците собрани од 53 испитаници, а објавени се во стручното списание „Radiology“.