Македонија,Крими хроника

Несовесен возач во Охрид нападна полицаец

Несовесен возач во Охрид нападна полицаец

Дваесет и осумгодишен охриѓанец најпрво го паркирал својот автомобил на пешачки премин, па потоа го удрил полицаецот кој што го предупредил, информира македонската полиција.

Полицискиот службеник најпрво го предупредил 28-годишниот А.Ј од Охрид бидејќи тој го паркирал автомобилот на обележан пешачки премин. Тој одбил да го тргне автомобилот, по што го стартувал и со предниот браник удрил во полицаецот.

Полицијата против него ќе поднесе соодветен поднесок.