Несреќа на брод што трагаше по исчезнатиот малезиски авион

Несреќа на брод што трагаше по остатоците од исчезнатиот малезиски авион MH370, откако претходно удрил во подводен вулкан, пишува „Дејли Експрес“.

brod-maleziski-1

Сондата и околу 4.500 метри кабел се одвоија од бродот Фугро Дисковери, откако бродот удрил во 2.200 метри висок подводен вулкан. Нема информации за повредени на бродот кој со помош на сонда го пребарувал океанот за остатоците од исчезнатиот авион.

Бродот ќе биде вратен во австралиското пристаниште Фремантл каде ќе биде поставена нова опрема.