Жртва на несреќата: Загинала држејќи ја ќеркичката во прегратка

Жртва на несреќата: Загинала држејќи ја ќеркичката во прегратка

Драгана Пупиќ Пољански (35) од Бачка Паланка загина во страшна сообраќајна незгода, која се случи утринава кај Бубањ Поток, кога туристички автобус на агенцијата „Барцино турс“ слетал од патот и се превртел. Драгана со својата пет годишна ќеркичка и со мајка си се враќала од летување од Грција, пишува српски „Блиц“.

Драгана Пупиќ Пољански загинала на местото на настанот.

Несреќната жена во моментот на несреќата седела на второто седиште од десна страна на автобусот, додека нејзината петгодишна ќерка и’ спиела во раце.

Од силниот удар Драгана веднаш починала, додека нејзината ќерка и мајка се здобиле со тешки повреди.

 

Девојчето е во тешка состојба и се наоѓа во Тиршова болница, додека нејзината баба Д.П (64) е хоспитализирана на Воено-медицинската академија.