Несреќа во Охрид: Загина жена во пожар

Рано утринава околу 07 часот и 15 минути во стан на уллица „Туристичка“ во Охрид, сопственост на 70- годишната  М.Д, од засега непознати причини, избувнал пожар. Во пожарот починала М.Д., која живеела сама и била неподвижна.

Смрт констатирала екипа од итна медицинска помош. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица, се вели во соопштението.

Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.