ФОТО: Страотна несреќа: Автомобил влета во излог и усмрти жена

Страотна несреќа: Автомобил влета во излог и уби жена

Едно лице загина во тешка сообраќајна несреќа на  улица Васил Ѓоргов во близина на ТЦ „Зебра“, кога автомобил „опел корса“ со голема брзина влетал во еден од излозите на околните згради.

Како што дознава Макфакс, на лице место бил направен обид да му се пружи прва помош на настраданото лице, чиј идентитет не е познат, но безуспешно.

Според сеуште официјално непотврдени информации жртва во несреќата е жена на 60-тина години.

Неофицијално, жената била прегазена од автомобил што со голема брзина се движел по улицата во правец на центарот.

ФОТО: Ѕид на сообраќајниот срам

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.